Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска имаме нови цени на горивата – еден литар од дизелот, екстра лесното масло за домаќинство и еуросупер БС-98 чинат за половина денар повеќе.
Еуросупер БС-95 ќе се точи по стара цена, 67 денари за еден литар. Еуросупер БС-98 чини 69,50 денари, еуродизел 60,50 денари, а цената за екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50 денари.