Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата, кои почнуваат да важат од ноќеска на полноќ.
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар и ќе изнесува 67,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за еден денар и ќе чини 70 денари за литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за половина денар и ќе изнесуваат 61,5, односно 50 денари за литар.