Од полноќ за три денари од литар поевтинуваат бензините, додека дизелот за 2,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 66,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 денари за литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 60 денари за литар, додека на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 49,50 денари за литар.
Цената на мазутот се намалува за 1,267 денари за килограм така што неговата малопродажна цена ќе изнесува 33,851 денари.
Со оваа најнова одлука, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,18 отсто.