Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45% во однос на одлуката од 25.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,207%, кај дизелот намалување за 1,780%, кај екстра лесното масло намалување за 0,901% и кај мазутот зголемување е за 1,027%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,008%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 28.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 49,483 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.10.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.