Регулаторната комисија за енергетика одлучи за поскапување на горивата во Македонија, од полноќ граѓаните ќе возат поскап бензин и дизел,

Еуросупер 95 од полноќ ќе биде 73,5 денари, додека пак Еуросупер 98 ќе биде 75,5. Во двата случаи зголемувањето е за 2 денари.

 

Дизелот, исто така поскапува за 2 денари и од сегашните 63 денари, од полноќ ќе биде 65 денари.

Екстра лесното масло горење ќе биде 54 денари, додека пак мазутот 34,5 денари.