Регулаторната комисија за енергетика во секој момент треба да ја направи најновата корекција на максималните малопродажни цени на нафтените деривати според која, бензинските пумпи низ Македонија од полноќ ќе точат гориво.
Ако се погледне движењето на цената на суровата нафта на берзата во Лондон повеќе од извесно е дека Регулаторот ќе објави нагорна корекција односно поскапување и тоа за малку повисока сума.
Имено, пред 2 недели, просочената цена на суровата нафта на светските берзи за првата половина на август изнесувала нешто над 70 долари за еден барел. Денеска, цената на суровата нафта на берзата во Лондон надминува 78 долари за барел а просекот сигурно ќе биде над 75 долари.
Според ваквите параметри поскапување за неколку денари и на бензините и на дизелот не треба да биде изненадување.
Пред две недели, бензините поевтинеа за половина денар, а за исто толку дизелот поскапи.
Во моментов, литар дизел е 63 денари а бензините се точат за 71 односно 72,5 денари за литар.