Септемвриските пензии ќе се исплатат предвреме.
Владата на вчерашната седница донесе одлука од понеделник да почене исплатата на пензиите во деловните банки, за пензионерите кои не користат платежни картички. И овојпат исплатата ќе оди по групи.
– Во понеделник, на 28.09.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во вторник, на 29.09.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во среда, на 30.09.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во четврток, на 01.10.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
Пензионрите кои користат платежни картички, со септемвриските пензии може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа веќе од понеделник, 28-ми септември.
Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита, за септември 2020 година, според која податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки најдоцна до 2-ри октомври, по што деловните банки треба да обезбедат достапност на средствата за паричните права од социјална заштита за месец септември преку банкомати и во трговските мрежи од 5-ти октомври.