Од почетокот на војната во Украина од Русија се повлечени рекордни 253 милијарди долари, барем според бројките на руската централна банка.
Периодот кој го пресметува Центарот за макроекономски анализи и предвидувања на централната банка, е од февруари 2022 до јуни 2023. По нивна процена се работи за одлив без преседан. Ова е отприлика четири пати повеќе отколку сумата што била повлечена од земјата во 2021.
Се работи за некои си 13% од БДП-то на Русија, со што е срушен претходниот рекорд од 11% од 2008 за време на глобалната финансиска криза.
Просечниот одлив на капитал од Русија во претходните 13 години изнесуваше околу 5%.
Рекордната сума е постигната и покрај западните санкции кои ги ископликуваа трансакциите и рестрикциите воведени од руската централна банка за повлекување пари.