Регулаторната комисија за енергетика утре напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ
Со последната промена, минатата недела, бензините поевтинија за 1,5 денари по литар, а цената на дизел горивата останува иста.
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,08 отсто.
Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) продолжи да се продава за 61,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,293 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 34,478 денари.
Останува утре да видиме дали не очекува ново поевтинување.