Од утре, 1-ви февруари почнува редовната исплата на пензиите. За два месеци се очекува и нивно зголемување, за колку тоа засега не се знае. Од она што е познато во јавноста зголемувањето на пензиите од сега ќе се врши системски два пати годишно и тоа во март и во септември.
Инаку, на 24. јануари на сметките на пензионерите легнаа парите од финасиската помош намената за корисниците на право на пензија во висина до 19.000 денари, а ќе ја добиваат за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година и изнесува:
-3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.
-2.000 денари месечно корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денари до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.
-1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денари до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.