Од утре почнува повратот на персоналниот данок за земјоделците кој во 2018 оствариле приходи до 1 милиони денари исклучиво од земјоделска дејност.

До крајот на годината на сметките на 17 илјади земјоделци треба да легнат 1, 3 милиони евра од поврат. Еден земјоделец најмногу може да добие до 20 илјади денари.

Од УЈП апелираат оние кои имаат промени во трансакциските сметки да ги пријават за да може да се исплати повратоот на персоналецот.

Со последните измени во законот за персонален данок на доход кои беа донесени лани, земјоделците ако остварат приходи од продажба на земјоделски производи до 1 милион денари се ослободени од плаќање на персонален данок, односно тие ќе го платат, а потоа ќе им биде вратен.

Но услов е овие пари да им се едниствениот приход.