На компаниите од приватниот сектор очајно им се потребни свежи пари. За осум пати е зголемен бројот на компании кои аплицирале за бескаматната кредитна линија Ковид 3.

За оваа кредитна линија предвидени се 30 милиони евра и е наменета за микро и мали претпријатија, трговци поединци и занаетчии како и категории од женското претприемништво. Максималниот износ на кредитот може да изнесува 15 илјади евра, со рок на отплата од три години и можност за шест месечен грејс период. Компанијата со одобрен кредит може да побара и гранд компонента за отуштење на долгот од 30 отсто од износот на земениот кредит.

„Од денеска течат 15 дена од огласот за Ковид 3 линијата за бескаматни кредити со гранд компонента. Од полноќ маил адресата за електронско аплицирање беше отворена. Морам да напоменам дека по отворањето на маил адреса дојде до целосно преоптоварување на серверот поради огромниот број маил пораки кои паралелно се испраќаа кон Развојната банка во ист момент односно во иста секунда“, рече Кире Наумов – Директор на Развојна банка.