Според белградкиот професор Михаил Арандаренко земјите од Балканот се меѓу првите по најголема сиромаштија во регионот.

Според тоа во Србија една четвртина од населението со месечни примања од 15.400 динари и е во состојба на релативна сиромаштија, но земјата е прва на листата на сиромаштија во споредба со земјите на ЕУ, вели професорот на Економскиот факултет Михаил Арандаренко.

Концептот на релативна сиромаштија, според него, значи дека нивото на сиромаштија е присутно , не само во поглед на  економскиот раст, но, исто така, во намалување на нееднаквоста во приходите, така што повеќе луѓе не  учествуваат во економскиот, социјалниот и културниот живот на земјата.

 

 

 

“Ако во споредба со земјите од ЕУ, а на листата приклучени и Турција, Србија е на прво место по стапка на релативна сиромаштија, зад неа се Бугарија, Португалија и Македонија”, рече Арандаренко.

Македонија веќе долго време се соочува со зголемувањее на сиромаштијата. Експертите велат дека со зголемување на цените на даноците и давачките при отсуство на реално покачување на платите населението дополнително осиромашува.

Во Македонија трошоците за живот се зголемуваа на месечно ниво константно. Тала за март трошоците за живот беа повисоки за 1, 6 %.  Исто така синдикалната кошница за март 2018 година изнесува 32 418,00 денари. 

Повеќе од 500 евра му биле потребни на едно просечно четиричлено семејство во март за да ги обезбеди неопходните прехрамбени производи, да ги плати сметките да ја одржува личната хигиена да се грижи за здравјето и колку толку да ужива во културните збиднувања.