Одгледувањето лешници е бизнис во подем во земјава, кој со мало вложување за неколку години не само што го враќа вложеното туку и носи одлична заработка.
Со одгледувањето на садниците од сортата лешници tonda gentille della lange, од кои се прави познатиот чоколаден крем „нутела“, растот на бизнисот е загарантиран.
Бизнисот со овој вид лешници е во полн цут, а инвестицијата е минимална. Државата дава субвенција за одгледување лешници, и тоа по 28.000 денари за хектар, а со оглед на тоа дека условите во земјава за одгледување на ова коскесто овошје се поволни, успехот е неизбежен.
Земјоделците се повеќе се интересираат за начинот на производство, набавката на садници, производствените трошоци и нормално заработката. Оние кои веќе се зафатиле со овој бизнис велат дека ако сериозно се посветите на производството, пласманот од лешници носи солидни приходи.