Поради сушата осетно е намален родот на сончогледот, стратешка култура од која се добива маслото за јадење. Земјоделците од Пелагонија бараат дополнителна помош од државата со по седум денари за килограм. Велат не можеме да протестираме и штрајкуваме, но кога лани добивме зошто не и годинава…
Пелагониските одгледувачи на сончоглед бараат како и лани, така и годинава, поради елементарна непогода, суша, да им се одобрат дополнителни седум денари субвенција за откупен килограм. Иако годинашнава откупна цена е 24,5 денари, наспроти ланската 20,6, мало е количеството на откупен род од Пелагониските полиња.
Дел од родот на сончогледот од Пелагонија заврши во Грција, бидејќи таму откупната цена била 27 денари за килограм, а па откупувачите го купувале во Македонија по 22 денари за килограм плус трошоци за транспорт и го пласирале кај јужниот сосед. Земјоделците велат тие немаат можности за штрајкови и протести за да се реализира ова нивно барање до Министерството за земјоделие.
Велешка Маслодајна како единствен преработувач на сончогледот во масло за јадење откупи скромни 3,2 илјади тони од ова стратешки важна култура.