Мултинационалниот синџир на исхрана затвори повеќе од 600 свои ресторани поради недостаток на пилешко месо. Проблемот е предизвикан од одлуката на компанија да го промени својот долгогодишен доставувач Bidvest, и почне да соработува со компанијата DHL. Според трговскиот синдикат во Велика Британија GMB union ова било огромна грешка. Тие се обиделе да ги предупредат и укажат на тоа дека групацијата Bidvest се специјалисти во овој сектор на дистрибуција на храна. Додека DHL го немаат потребното искуство кога се работи за транспорт на ваква специфична стока за секојдневна широка потрошувачка.
Од DHL излегоа со соопштение дека поради оперативни проблеми, одредени нарачки доцнат. Меѓутоа тие работат деноноќно со своите партнери во функција на решавање на проблемите.