Веќе никогаш нема да задоцните со уплата на готовина од дневен промет на Вашата сметка. Со новата услуга на Комерцијална банка, правните лица со помош на картичката Visa Business Debit, можат на брз и едноставен начин да уплаќаат готовина на банкомат, во било кој дел од денот. Овозможивме и промотивен рок до 30.06.2020 година во кој оваа услуга е без надомест.

Банкоматите ги прифаќаат сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари, а средствата се евидентираат на основната трансакциска сметка на правното лице.
Списокот на банкомати на кои може да се користи услугата: експозитурите во Скопје – Ѓорче Петров, Ченто, Маџари, ГТЦ 1, Стопанска комора, Лептокарија, Буњаковец, Бисер, Автокомандa, 11 Октомври и во трговските центри Скопје Сити мол и Капитол мол, како и во филијалите во Штип, Струмица, Охрид и во Прилеп.