Во периодот од 01.01. до 30.09.2018 година компанијата ги оствари следниве финансиски резултати:

 

  2017г 2018 г ИНДЕКС
Бруто приходи 528.530.637 569.767.915 107.8
Бруто расходи 483.174.353 462.289.502 95.7
Добивка пред оданочување 45.356.284 107.478.413 237
Данок на добивка 4.535.628 10.747.841 237
Нето добивка 40.820.656 96.730.572 237

 

Од 01.01 до 30.09.2018 година Друштвото А.Д. Европа-Скопје оствари добивка пред оданочување во износ од 107.478.413,00 денари и е поголема во однос на истиот период од претходната година за 137,0%.

Вкупните приходи се зголемени за 7,8% и изнесуваат 569.767.915,00 денари. Оперативните приходи за деветте месеци од оваа година изнесуваат 561.174.775,00 денари и се зголемени за 7,0% во однос на претходната година а зголемување има и кај финансиските приходи.

Расходите за деветте месеци се намалени за 4,3% во однос на истиот период од минатата година и изнесуваат 462.289.502,00 денари. Кај оперативните расходи има намалување за околу 1,0% во однос на претходната година а намалување има и кај финансиските расходи.

Зголемувањето на приходите за 7,8% и намалувањето на расходите за 4,3% овозможи добивката за првите девет месеци од 2018 година да се зголеми за 137,0% во однос на истата од претходната година.