Одложувањето на летови во Европа повеќе од двојно се зголеми во 2018 година, објави Фајненшал тајмс. Доцнењата се зголемија на 19,1 милиони минути, со просек од 1,73 минути по лет. Недостатокот на персонал и недостатокот на капацитет се обвинуваат за 60% од одложувањата, времето за 25% и штрајковите за 14%. Со бројот на летови што достигнаа рекордни 11 милиони минатата година, експертите од авијацијата предупредуваат за “жестокo лето” ако не се решaваат штрајковите и кадровските прашања