Одморите се супер-забавни, но нема да го излечат burnout ефектот.
Придобивките од една или две недели патување и одмор често се краткотрајни, пишува Сара Тод од Quartz. Две третини од анкетираните во истражувањето на Американската психолошка асоцијација од 2018 година соопштија дека нивните пост-празнични позитивни вибрации се распаѓаат во рок од неколку дена. И многумина од нас нагласуваат дека сме релаксирани пред да заминеме на одмор или патување, но потоа се враќаме и не чека огромен работен куп обврски што не ни дава да се „опуштиме“ дури ни за време на одморот, бидејќи постојано мислиме на купот обврски кои не чекаат. Што е подобро? Разбивање на мали парчиња релаксација секој ден. За секои 90 до 120 минути работа, пробајте да се „искулирате“ од 5 до 10 минути со нешто што ве релаксира, сугерира организацискиот консултант Паула Дејвис-Лак.
Наум Димитровски