Грција денеска соопшти дека добила одобрение од меѓународните кредитори за нова и последна транша кредитна помош од 5,7 милијарди евра во рамките на програмата која формално ќе биде завршена во август.
Префрлањето на 5,7 милијарди евра ќе биде извршено до средината на март. Тоа треба да го одобрат парламентите на држави, кај кои е потребна процедура, се вели во соопштение од Министерството за финансии на Грција.
Со тоа, формално завршува третиот круг евалуација на грчките реформи наметнати во замена за финансиска помош од јули 2015 година.
Грција истовремено води преговори со кредиторите за механизмот за олеснување на јавниот долг, со модел на отплата заснован на ниво на раст.