Владата на седница ги разгледа информациите за склучување договор за доделување финансиска поддршка според Законот за финансиска поддршка на инвестициите со повеќе од 100 компании во Република Македонија во согласност со кој првпат за оваа финансиска поддршка можеа да аплицираат и домашните компании.

„Со договорите за доделување финансиска поддршка, кои се одобрени на седницата на Владата, се исполнува првата фаза по што ќе следуваат наредните кога компаниите ќе мора да ја докажат реализацијата на инвестициите и потоа ќе следува исплатата на одобрените средства до крајот на оваа година“, соопшти владината прес-служба.

Како дополнителна одлука Владата го донесе заклучокот дека компаниите што стекнале право за финансиска поддршка треба да достават потпишана изјава за конфликт на интереси како дел од документацијата опфатена со договорот.