Повеќе од 130 земји во светот се согласија со планот за воведување глобални правила за оданочување на правните лица, за кои следната недела ќе разговараат министрите за финансии на Г-20, изјави денеска германскиот министер за финансии Олаф Шолц.

„Со заедничкиот договор за нацрт-реформата на глобалните регулативи за данок на добивка, направивме голем чекор напред. Ова е позитивен сигнал и сигурен сум дека до летото следната година ќе можеме да постигнеме конечен договор за овој план за реформи”, се вели во изјавата на Шолц.

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) работи на изготвување регулативи со кои дигиталните компании бараат да плаќаат даноци таму каде што работат, наместо таму каде што регистрираат подружници.

Тоа може да ги зголеми приходите на националниот данок за вкупно 100 милијарди долари годишно, проценува ОЕЦД.