Старт-апите, основани и водени од жени, имаат помала веројатност да добијат средства за финансирање од оние што ги водат мажите, се вели во извештајот на ОЕЦД. Извештајот The Levelling the Playing Field report покажува дека шансите за финансирање на машки старт-апи се до 10% повисоки од оние со најмалку еден женски основач, со тоа што овој јаз е највидлив во Европа. Исто така, покажува дека кога старт-ап-компаниите со еден или повеќе основачи жени обезбедуваат финансирање, тие добиваат една третина помалку, а машките компании обезбедуваат просечно 11,6 милиони евра за една рунда наспроти 8 милиони евра за оние основани или коосновани од жени .

 

Наум Димитровски