Овчарите и другите сточари можат да достават барања за субвенционирање на платите во висина до 100 проценти од месечните нето примањата во оваа дејност. Помошта е предвидена во програмата за рурален развој со цел зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики. Јавниот повик трае до 20-ти декември…
За чување и пасење на овци, кози и говеда на ливади кои се наоѓаат на надморска височина повисока од 700 метри сточарите можат да добиваат субвенции од државата за зголемување на нивните плати.
Поддршката изнесува 100 проценти од просечните месечни нето примања во оваа дејноста во периодот од први 1.1.2022 до 31.12.2022 година.
Сточарите кои добитокот го напасуваат на помала надморска височина од 700 метри имаат право на 60 проценти од просечната плата.
Помошта е неповратна, а се добива за едно вработено лице на 150 овци, 50 кози или 50 говеда. Полниот износ го добиваат 10 вработени, а другите со 50 процентно намалување.
Бројот на работниците за кои е исплатена поддршката треба да е ист најмалку една година од добивањето на парите.
Висината на поддршката по корисник изнесува до 360.000 денари по вработено лице.
Пополнетите барања за исплата на субвенцијата, заедно со потребната документација се доставуваат по пошта или лично во Платежната Агенција.
Оваа мерка се применува неколку години по ред и во просек се исплаќаат од 15 до 18 милиони денари годишно за да се задржат чуварите на добитокот кои ги има се помалку за одгледување на македонските стада.