Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:
1.Производна хала (поранешна сопственост на Охис, во стечај – Гранулати) со површина од 2526м2 лоцирана на КП 5340/1 за КО Кисела Вода 2 стекнат врз основа на Заклучок за продажба пред надлежен извршител И бр.1749/2012, а опишан како:
– КП 5340 дел 1 бул.Борис Трајковски бр.73 бр. на зграда 111 влез 1 кат ПР број 1 за минимална/почетна цена од 270.000ЕУР.
Напомена: Стопанска банка АД – Скопје е во постапка на пренос на сопственоста на свое име во имотен лист. Имотот предмет на продажба не е во фактичко владение, а продавачот се обврзува да ја спроведе постапката за обезбедување на владението.
Во цената на имотот не е вклучен ДДВ од 18% кој го плака Купувачот.
Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаЌа купувачот.
Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.
Недвижниот имот ќе се продава во готово или на кредит.
Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.
Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:
⦁ Поголемиот коверт треба читко да биде адресиран до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големиот коверт да се наведе:
-Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
-Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци),
-Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
⦁ На помалиот коверт да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
-цената која се нуди за купување на недвижноста;
-согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
-согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.
Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029- МКД 113660111 со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот.
Уплатениот депозит на понудувачот чија понуда ќе биде избрана како најдобра, се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација Ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.
Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на плаЌањето.
Рокот за доставување на Понудите е 30.05.2018година.
Дополнителни информации на телефон: 02/3295-280