Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Одговорен за сигурност на информативниот систем (ОСИС).
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- Управува и ja организира сигурноста на информативниот систем на Банката;
- Се грижи за безбедноста на Банката во текот на 24 часа;
- Управува и го организира физичкото и техничкото обезбедување со цел заштита на клиентите, вработените и имотот на Банката;
- Предлага и организира активности и контроли за превенција и намалување на ризикот од инциденти и загрозување на безбедноста на Банката и штетни последици за Банката, вработените и клиентите;
- Одговорен за редовно информирање на надлежните органи на Банката за прашања поврзани со информативната сигурност;
- Соработува со државни и други органи;
- Зголемување на степенот на безбедносната култура на вработените;
- Одговорен за контрола на системите за техничка заштита и физичко обезбедување;
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Високо стручно образование,Универзитетска диплома од областа на информатичките науки;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
- Познавање и искуство во администрирање на различни Оперативни системи;
- Познавање и искуство во техничко и физичко обезбедување;
- Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема;
- Познавање на релевантната законска регулатива;
- Одлично познавање на англиски јазик (вербално и писмено), како и напредно користење на MS Office;
- Професионални сертификати (од областа на ISO 27001; CISSP; CISM; CISA) ќе се сметаат како значајна предност;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Способност за работа под притисок;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Поседување возачка дозвола;
За ова работно место месечниот надомест ќе биде утврден согласно искуството и квалификациите на кандидатот. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на ЦКБ Банка АД СКопје, испратете CV и пропратно писмо на: [email protected].
Огласот ќе биде активен заклучно со 15.06.2021 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.