Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со својата стратегија, банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на тимот, Банката им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.

Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, Банката објавува оглас за прием и пополнување на следната работна позиција:

ИТ Специјалист – инженер за мрежни системи 
во Дирекција за информациски системи и техничка поддршка
Референца Бр. 005/2021

Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се: 

  • Завршено најмалку Високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки;
  • Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 3 години;
  • Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:

– Одлични познавања и претходна работа со:

  • Дизајн, имплементација, оптимизација и одржување на Routing, Switching, VPN, Firewalls, IDS, IPS, и VoIP системи;
  • Анализирање и имплементирање на нови безбедносни протоколи и технологии;
  • Дизајн, имплементација и корисничка подршка на Datacenters;
  • Решавање на мрежни и системски безбедносни прашања;
  • Искуство во дизајн, имплементација и одржување на виртуелни платформи и решенија (VMware ESX, Hyper-V, Oracle-VM) во мрежен сегмент;
  • Монитирање на компјутерски и телефонски мрежи, нивно каблирање, како и останата компјутерска опрема;
  • Имплементација, администрација, оптимизација, управување и одржување на Windows Server OS (2003/2008/2012/2014/2016/…);
  • Windows Desktop OS;
  • Активно го следи развојот на информациската технологија и негова примена во пракса;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
  • Чесност и доверливост;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа;
  • Професионален изглед и однесување.

За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:


– Одржување и администрирање на следните сервиси:

  • Firewall Systems,
  • Routers and Switches,
  • Antivirus and Advanced Persistent Threat (APT) Protection Systems,
  • Public DNS records, subscriptions, SSL certificates,
  • VPN and Communication Links,
  • HSM/ESM Encryption Devices,
  • 3G Routers for ATMs,
  • POS Concentrators,
  • Network Monitoring System,
  • VMWare и VirtualPC,
  • Wi-Fi Network,
  • Microsoft Office,
  • Windows Desktop OS,
  • Развој и одржување на процедурите за инсталација и конфигурација на мрежните уреди;
  • Воспоставување на потребите на корисниците, надгледување на корисничкиот пристап и сигурност, како и контрола на дозволи за пристап и привилегии;
  • Пуштање во продукција и инсталација на нови апликации и прилагодување на постојните со цел подобро да ја остварат нивната цел;
  • Поставување, инсталација, одржување, следење и евидентирање на дефекти при работата со компјутерската и мрежната опрема и комуникациските уреди;
  • Инсталација или преинсталација на оперативни системи и потребни услужни програми.

Доколку сте заинтересирани за позицијата, аплицирајте најдоцна до 12.03.2021 година, на следниов е-маил: [email protected] со назнака: Референца Бр. 005/2021 – ИТ Специјалист – Инженер за мрежни системи.

 

За да аплицирате, потребно е да го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1(една) година.

Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.