Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Комерцијална банка Ве поттикнува да аплицирате за вработување во Банката.
Работна позиција: Стручен соработник за превод во Одделение за SWIFT комуникација, Сектор за платежни услуги и надворешнотрговски инструменти во Скопје.
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност на продолжување на неопределено време.
Работно време: 40 часа неделно.
Почетна основна нето-плата: 43.023 денари.
Огласот важи до 18.10.2023 година.
Работни цели и задачи:
- Писмен превод и кореспонденција согласно потребите на организaционите единици во Банката;
- Устен превод за потребите на Банката при посети од странство и при превод на седници на тела на Банката и за други потреби на Банката;
- Проверка на превод на документи преведени од страна на други вработени во Банката, како и за други потреби на Банката.
Потребни квалификации и способности:
- Универзитетска диплома – дипломиран/а на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ при Филолошкиот факултет во Скопје на:
– Катедра за преведување и толкување,
– Катедра за англиски јазик и книжевност, преведувачко-толкувачка насока;
- Одлично познавање на македонскиот литературен јазик, македонскиот правопис и граматика;
- Најмалку 2 години искуство со преведување и толкување, пишано и вербално, односно паралелно преведување на пишани документи, како и работа со симултан/консекутивен превод на состаноци, семинари, настани;
- За предност ќе се смета доколку кандидатот во досегашното работно искуство работел/а директно со странски државјани, странски компании и бил/a изложен/а на мултикултурни средини;
- Овластување за судски преведувач за англиски јазик;
- Познавање на релевантна стручна терминологија од областа на банкарството и финансиите;
- Познавање втор странски јазик ќе се смета за предност;
- Познавање на MS Office алатки и Windows работна околина;
- Доверливост при изработка на сите документи и кореспонденција со кои се среќава при вршењето на работата;
- Висок личен интегритет и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Ориентираност кон потребите на клиентите;
- Адаптабилност во динамична работна средина;
- Комуникациски вештини за работа во тим.
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
- Доброволно приватно здравствено осигурување;
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирајте на: веб-страницата на Банката на следниот линк https://kb.mk/vrabotuvanje.nspx , преку e-mail: [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување на Стручен соработник за превод“.
Телефон за контакт (02) 3168-412
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.
Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.