СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува РЕФЕРЕНТ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ СО ПРОПИСИ во Служба за правни работи, усогласување со прописи и спречување перење пари и наплата на побарувања.

Кандидатот треба да ги исполнува следните обврски:

  • Спроведува процена на ризикот од неусогласеност;
  • Спроведува контроли за идентификација и мониторинг на ризикот од неусогласеност на активностите на Банката и подготвува корективни мерки за управување со тој ризик;
  • Подготвува материјали во врска со усогласеноста на Банката;
  • Подготвува извештаи за неусогласеност и веднаш, без одлагање ги доставува до соодветните менаџери;
  • Придонесува за избегнување на конфликт на интерес во спроведување на своите одговорности, обезбедува независност и има непречен пристап до сите податоци и информации за исполнување на своите цели;
  • Одржува знаење за релевантните прашања, закони и регулативи, правила и добри банкарски практики и одржува чекор со сите промени во законите, подзаконските акти и интерните акти и соодветно е информиран;
  • Имплементира препораки од извршени ревизии од својата област;
  • Учествува во контролите за заштита на Банката (превентивна улога);
  • Подготвува материјали за советување на организациските единици за правилата и контролите во Банката (советодавна улога);
  • Помага во плановите за надминување на потешкотиите кои би се појавиле во врска со усогласување (одлучувачка улога);
  • Разгледува интерни акти пред да бидат усвоени од надлежните органи на Банката од аспект на усогласеност.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Универзитетска диплома, по можност во областа на правото, економија или друга меродавна област;
  • Минимум 2 години работно искуство од областа на усогласување со прописи во банкарска институција или друга финансиска институција со соодветни активности во областа на усогласеност со прописите;
  • Познавање на законска банкарска регулатива;
  • Добро познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point);
  • Организациски вештини;
  • Аналитички вештини;
  • Добри комуникациски способности;
  • Подготвеност да ги почитува и активно да ги поддржува вредностите на Банката.

Банката нуди месечна нето плата во износ 43.000,00 денари.

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивационо писмо на македонски јазик може да ги достават на: [email protected] со назнака за “Референт за усогласување со прописи” најдоцна до 13.06.2021 година.