Оглас за вработување – Одговорен за сигурноста на информативниот систем (ОСИС)

 

 

Одлична шанса да се приклучите кон реномирана меѓународна финансиска групација и да станете дел од професионален тим кој во соработка со Управниот одбор и менаџментот на Банката обезбедува примена на прописите од областа на информативна сигурност и имплементација на сигурносните контроли и ефикасни оперативни практики на ниво на цела банка.

 

Советник за специфични прашања – Одговорен за сигурноста на информативниот систем (ОСИС) во Кабинетот на Претседателот на Управниот одбор

Значајни должности:

 

  • Одговорен е за примена на прописите од областа на информативната сигурност.
  • Одговорен за редовно информирање на надлежните органи за прашања поврзани со информативната сигурност.
  • Врши проценка на ризиците, анализа на веројатноста од појава на закани, предлага унапредување на политиките и процедурите за информативна сигурност.
  • Учествува во дефинирање и координација на имплементацијата на сигурносните контроли во Банката и врши набљудување на нивната ефикасност.
  • Го организира и управува процесот на изработка и тестирање на Планот за континуитет во работењето .

 

Потребни квалификации:

 

  • Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
  • Релевантно работно искуство во областа на информативната сигурност.
  • Професионални сертификати (од областа на ISO 27001; CISSP; CISM; CISA) ќе се сметаат како значајна предност;
  • Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи;
  • Кандидатот треба да биде способен да работи независно и самостојно;
  • Значајни аналитички и презентациски способности и способност за писмено известување;
  • Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и стручно и напредно користење на MS Office.

 

Стопанска банка АД-Скопје нуди атрактивен компензационен пакет и можности за континуиран професионален развој кои ја рефлектираат нејзината улога на водечка финансиска институција.

 

Месечниот надомест ќе биде утврден согласно искуството и квалификациите на кандидатот.

Доколку сте заинтересирани и квалификувани за наведената позиција, Ве молиме аплицирајте со поднесување на Вашето CV и Писмо за интерес на англиски и македонски јазик на [email protected].

 

Пријавувањето можете да го извршите најдоцна до 12 Јули 2018.

 

Единствено квалификуваните кандидати во потесен избор ќе бидат понатаму контактирани