Сава осигурување а.д. Скопје отвора позиции за енергични, комуникативни лица кои се подготвени да научат нови вештини во професионална и мотивирачка средина за работа.

Агенти во Секторот за продажба

Работно место:

Агент за продажба во Секторот за продажба во Дирекцијата на САВА осигурување а.д. Скопје, на ул. Загребска 28 А.

  • 4 (четворица) извршители

Опис на работното место:

Работното место агент подразбира:

  • комуникација со клиенти;
  • поддршка на активностите на продажната мрежа;
  • компјутерска обработка на податоците и подготовка на извештаи до одговорните;
  • извршување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.

Квалификации:

  • завршено средно образование;
  • познавање на работа со компјутер;
  • способност за работење како член на тим;
  • комуникативност и продажни вештини.

Услови за работа:

  • Неполно работно време од 4 часа дневно или вкупно 20 часа неделно, во периодот од 09:00 до 13:00 часот.
  • Кандидатите имаат можност за неограничена заработувачка, при што, без разлика на исполнување на таргетот, се исплатува основна нето плата од 6.082,00 денари.
  • Секој кандидат е должен да ја организира работата во согласност со тимот, како и таргетите кои му се зададени во текот на работното време.
  • Можност за работа и професионален развој во реномирана компанија.
  • За избраните кандидати е обезбедена соодветна обука.

Документација:

Заинтересираните да достават кратка биографија и мотивациско писмо до Секторот за општи и правни работи во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: [email protected]. Пријавата треба да има назнака „Оглас за агент во Секторот за продажба“.

Рокот за пријавување е заклучно со 15.08.2018 година, а по неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати.