ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободни работни позиции:
СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПАЗАРЕН ЛИКВИДОСЕН И ОПЕРАТИВЕН РИЗИК, ДИРЕКЦИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО СТРАТЕГИСКИ РИЗИК, СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ.
(1 позициja, неопределено време, со вклучена пробна работа од 6 месеци)
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- VII/1 степен, Дипломиран економист, Економски факултет,Факулет за Природни науки/математика;
- Најмалку 2 години работно искуство во банкарскиот сектор;
- Познавање на најдобрите практики во областа на управувањето со пазарниот и ликвидносниот ризик и регулаторно известување за пазарниот и ликвидносниот ризик;
- Познавање на НБРМ регулативата и познавања од областа на управување со средствата и обврските на Банката како и функционирањето на финансиските пазари. Предност е познавање на Европската регулатива во оваа област;
- Напредни познавања на работа со бази на податоци со користење на напредни техники во Excel и Access;
- Активно познавање на англиски јазик, пожелно е познавање на Германски јазик;
Опис на работното место/одговорности:
- Креирање, дополнување, мониторинг и интерпретација на релевантните регулатива, политики, процедури и упатства за да се осигура исполнување на практичните потреби на Банката со цел постигнување на адекватно ниво на стабилност, законски барања, барања за потребите на STSP, профитабилност од банкарските операции во делот на Пазарниот ризик и Ликвидносниот ризик;
- Мониторинг и известување за Пазарниот и Ликвидносниот ризик како и одржување на нивна усогласеност со дефинираните лимити;
- Управување и контрола на каматниот ризик, Валутниот ризик и други Пазарни ризици кои произлегуваат од активности кои се чуствителни на промените на пазарните услови како и Ликвидносниот ризик преку припрема на извештаи за различни корисници;
- Дефинирање на методологија за trading book и извештај за позициите во trading book, моменталната искористеност на лимитите, концентрација итн;
- Калкулација на интерниот капитал, базиран на Пазарниот ризик и Ликвидносниот ризик како и воспоставување на методологија и политика за процесот на негова калкулација;
- Мониторинг на останати параметри кои влијаат на позицијата на Банката во поглед на изложеност на Каматен ризик, Ваутен и други Пазарни ризици;
- Прибирање, класификација и конторла на адекватноста на податоците и настаните предизвикани од оперативен ризик, анализа на базата на податоци (Loss database) со употреба на апликација;
- Проверка на квалитетот на податоци- Месечна контрола и анализа на адекватноста на податоците внесени во Loss Dta Base и подготвува извечтаи кои се на барање на Групацијата;
- Администрација, контрола и анализа на податоците, и подготовка на квартални извештаи за настани предизвикани од оперативен ризик со цел известување на НБРМ, Управен одбор и STSP;
Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.
Почетна основна месечна нето плата: 32.000,00 денари.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 09.04.2018 година.
Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.
Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.