Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице заинтересирано за работно место Соработник за правни работи во Дирекцијата за правни работи во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место предвидена е основна нето плата од 20.000 до 40.000 денари, а главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на застапување на Банката во постапките пред надлежните судови, нотари, извршители и другите органи и институци, изработување на договори (за дело, за соработка, продажба, закуп, залог и други), учествува во изработката на извештаи, планови, програми, анализи и информации и сл.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
– Најмалку високо образование од областа на правните науки;
– Положен правосуден испит;
– Солидно познавање на англиски јазик;
– Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
– Возачка дозвола „Б“ категорија со две годишно возачко искуство;
– Претходно работно искуство во банкарскиот сектор ќе се смета за предност.
Избраниот кандидат треба да поседува:
– Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
– Одлични комуникациски способности;
– Позитивен приод кон работата;
– Висок степен на прецизност.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на [email protected].
Огласот ќе биде активен заклучно со 15.07.2018 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.