Ве известуваме дека студентите на високообразовните институции од областа на економијата, правото, информатичките науки и други општествени науки коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народната банка имаат можност да вршат практична работа во Народната банка на Република Македонија, во текот на јуни, јули и август 2018 година. Бројот на практиканти кои можат да вршат практична работа во Народната банка во текот на летниот период е ограничен согласно капацитетите на организациските единици.

 

Доколку имате интерес да се стекнете со знаење од доменот на работата на организациските единици на Народната банка на Република Македонија, ве молиме  да се пријавите на Огласот најдоцна до 20 мај 2018 година.

Образецот „Пријава за вршење практична работа во Народната банка на Република Македонија“ може да се преземе тука: ( преземи)

Барањето се доставува до Народната банка откако претходно е целосно пополнет од страна на студентот со потврда и печат на факултетот, а кон пријавата потребно е да се достави и следното:

  • доказ за видот на образованието кое е во тек (копија од индекс или ИД)
  • доказ за просечен успех
  • доказ за познавање на англискиот јазик (се прифаќа и копија од положен испит по англиски јазик)
  • доказ за познавање MS Office (се прифаќа и копија од положен испит по информациски технологии)
  • мотивациско писмо

Пријавата, заедно со попратните документи, се доставува до Архивата на Народната банка на Република Македонија или по пошта најдоцна до 20 мај 2018 година, со назнака „ЗА ПРАКТИЧНА РАБОТА“,  на следната адреса:

Народна банка на Република Македонија
бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1
1000 Скопје