Сите патишта на љубителите на цветните и зимзелени растенија водат во Гарден центарот „Флора Тим“, кој денеска започна со работа на ексклузивна локација на ул. „15-ти Корпус“, од левата страна на магистрилниот пат кој води за Битола.
Станува збор за новина која ги следи потребите на охриѓани и жителите од околината.
Во Гарден центарот поситителите можат да избираат од педесеттина наши продукти, почнувајќи од зимзелени и цветни растенија, до декоративни, цветни и лиснодекоративни грмушки и зачински билки, вели Марјан Солески од „Флора Тим“.
Гарден центарот „Флора Тим“ покрај продажба, нуди и насади на растенија, со достава и работна рака.
Тука сме за уредување на дворови, даваме и совети за стручна поддршка од хортукултерен и шумарски инженер, според желбите на нашите клиенти. – истакна Солески.
Гарден центарот „Флора Тим“ нуди и цветните растенија, кои ја разубавуваат атмосферата во домовите и дворивите.
Најбарани се зимзилените растенија за жива ограда или за означување на влез на приватни и јавни објекти. – додава Солески.
Работното време на Гарден цендарот „Флора Тим“ е од 8 до 18 часот од понеделник до петок , а во сабота од 9 до 15 часот.