Стратегијата на Охридска банка АД Скопје за наредните години останува насочена кон постигнување одржлив и профитабилен раст со освојување дополнително пазарно учество во трите пазарни сегменти: индивидуални клиенти; МСП (Мали и средни претпријатија) и Големи корпоративни клиенти (Домашни и меѓународни компании), наведе Банката во финансискиот план објавен на Македонска Берза.

 

кај секој од овие сегменти ќе се прави избор на клиентите коишто се сметаат за најквалитетни и најмалку ризични, клиенти правни лица кои имаат стабилен профитабилен раст и развој и индивидуални клиенти кои имаат стабилни приходи, вработени во добростоечки компании, клиенти вработени во јавната администрација. Дополнителен сегмент на кој што во наредниов период ќе се стави поголем фокус се дел од Општините и Јавните претпријатија во РМ, и тоа исклучиво тие што остваруваат позитивни финансиски резултати и имаат одржливи и општествено корисни проекти.

Фокусот ќе биде ставен на развивање долгорочни и стабилни односи со постојните и со новите корпоративни и индивидуални клиенти од дефинираните целни групи, каде Банката ќе биде препознаена како партнер, притоа користејќи што е можно поголем број на производи и услуги (пакет на производи). Главен приоритет на Банката во наредниот период ќе биде обезбедувањето врвна услуга. Во исто време, ќе се интензивираат напорите при „вкрстената продажба“ и зголемување на стапката на бројот на производи по клиент. Во оваа насока, веќе воспоставената успешна соработка меѓу корпоративниот и индивидуалниот сектор ќе се интензивира уште повеќе, со цел да се зголеми задоволството на клиентите, со истовремена корист на Банката од друга страна.

Покрај кредитните производи, целта е да се продадат што е можно поголем број останати производи и услуги, вклучувајќи ги и депозитите, каде што исто така е предвиден раст на депозитната база кај сите сегменти на клиенти. Притоа, фокусот е ставен на стабилноста и на безбедноста наспроти цената. Депозитната база е основен извор на финансирање кој го обезбедува и кредитниот раст на банката. Банката на располагање има и други извори за подршка на кредитната активност, пред се достапноста на извори од Групацијата, како и кредитните линии од меѓународните финансиски институции кои остануваат значаен извор за подобрување на конкурентската предност на Банката.

Задржувањето на постоечките и придобивање на нови клиенти, е можно само со пружање на високо ниво на услуга, одржување и градење на стабилни, долгорочни, партнерски односи. Ваквото ниво на услуга ќе се овозможи со соодветна симплификација, дигитализација и автоматизација на процесите, нешто во што Банката планира засилено да инвестира во следниот период.

Сето погоре наведено, преточено во неколку показатели би значело: одржување на стабилен раст на кредитното портфолио од близу 8% на годишно ниво, а со тоа да се обезбеди зголемување на пазарниот удел кај кредитите од 8,75% на крајот од вториот квартал на 2017 година до 9.6% во 2022 година; одржување на стабилен раст на депозитното портфолио од околу 6% на годишно ниво, а со тоа и зголемување на пазарниот удел кај депозитите од 6,88% на крајот од вториот квартал на 2017 година до 7,13% во 2022 година.

Кредитниот раст ќе се остварува и одржува во услови на зголемен квалитет при кредитната анализа на новите барања, засилен мониторинг на веќе одобрените кредити, односно на целокупното работење на клиентите, како и навремено преземање на соодветни мерки во случај кога ќе се идентификуваат одредени проблеми, финансиски потешкотии кај компаниите и населението.

Целиот развоен план и деловната политика со финансискиот план на ОБСГ можете да ги погледнете на следниов линк.