Охридска банка АД Скопје со воведувањето на картичката Визарата, ја започна и новата наградна игра „Визарата може сè“.
Во периодот од 10.06.2020 до 30.09.2020 година додека траеше наградната игра, основниот услов за учество во неа беше клиентите да направат минимум 10 (десет) трансакции со Visa кредитна картичка издадена од Охридска банка АД Скопје, од кои минимум 1 (една) трансакција со Визарата. Секоја трансакција со Визарата дава можност за тројна шанса за освојување на награда, а еден учесник во Наградната игра има право да биде извлечен само за една награда.
Клиентите кои ќе ги исполнат условите стануваат потенцијален добитник за хибридно возило Suzuki Swift, или пак на еден од десетте тротинети од брендот Mi.
Во оваа наградна игра учествува сите полнолетни граѓани на Република Северна Македонија, корисници на една од кредитните картички издадени од Охридска банка од брендот Visa, а кои аплицираа за новата Визарата кредитна картичка.
Валидни трансакции кои се земаат во предвид за исполнување на условите од наградната игра се трансакциите направени на ПОС-терминал на кое било продажно место, како и трансакциите направени со електронско плаќање преку Интернет, на територијата на Република Северна Македонија.
Во наградната игра не учествуваат вработените од Банката и нивните најблиски семејства како и корисниците на картички кои на денот на извлекување на наградата имаат повеќе од 30 дена достасани, а неподмирени обврски кон Банката кои произлегуваат од користењето на кредитни картички и кои имаат нефункционален долг (долг кој е достасан, а неподмирен повеќе од 90 дена).
Охридска банка АД Скопје ги објави добитниците на награди од наградната игра на Охридска банка АД Скопје „Визарата може сè!“.
Добитници на електичен скутер MI:
СТЕФАН СТОЈОСКИ
БОРЧЕ КОЧЕВСКИ
АЛЕКСАНДАР ТОЛОВ
РОБЕРТ ПЕТКОВСКИ
ГОРДАНА СИМОНОВСКА
ЈУЛИЈАНА КРСТЕВСКА
ИГОР АРСОВСКИ
АНИЦА ПЕТРЕСКА
МИРЕЛА ХАСАНОВИЌ
АНДРИЈАНА ЈОВАНОВСКА
Добитник на главна награда патничко возило Suzuki Swift
Корисник на кредитна картичка Визарата со број **** **** **** 4055 од Охридска банка.
Наградата треба да се подигне најдоцна 60 дена сметано од денот на објавувањето на овој извештај за резултатите од извлекувањето (16.10.2020г.) на интернет страницата на Охридска банка АД Скопје www.ohridskabanka.mk.
За подетални информации околу подигнување на наградата добитниците се упатуваат да се јават во Контакт центарот на банката 02/ 15050.