Во текот на 2019 година успешно беше завршен процесот на превземање на Охридска банка, со што Банката стана дел од реномираната Штаермеркише Банк и Шпаркасен, АД Грац, Австрија и пошироко Ерсте групација. Предложениот Развоен план и деловна политика со финансиски план за периодот 2020 – 2024 е за Охридска банка АД Скопје согласно барањата на локалната регулатива, додека интегрираните планови и политики ке бидат предмет на посебена процедура и материјал.
Штаермеркише Банк и Шпаркасе, АД Грац, Австрија беше првата австриска финансиска институција која со превземањето на тогашната Инвестбанка Скопје влезе на Македонскиот банкарски пазар во 2008 година, брендот „Шпаркасе“ беше воведен во октомври 2010 година, се обезбедија потребните ресурси за управување и групациско know-how и банката се изгради во сигурен и доверлив партнер за своите клиенти и економијата.
Согласно стратегијата на групацијата предвидено е интегрирање на двата субјекта при што целта е да се зајакне присуството на локалниот пазар, имајки предвид дека Охридска банка претходно беше дел од силна мегународна финансиска групација со слична деловна стратегија, стандарди за професионализам и стабилен банкарски модел, високо ориентирана кон клиентот и препознатливост на пазарот и високо ниво на задоволство на клиентите, кои параметри се вклопуваат со стратегијата на Групацијата Штаермеркише Банк и Шпаркасе.
Интегрираниот ентитет се очекува да има зголемен капацитет за кредитирање и да може да сервисира поголем дел од потребите за кредитирање на водечките компании и со својата стручност и пристап да биде локална подршка за нивниот бизнис и природен партнер на меѓународните и компаниите од ЕУ.
За клиентите физички лица, како и малите и средни претпријатија ќе продолжи да се развиваат модерни и дигитални банкарски производи, како и целосен фокус на квалитетот на услугата за клиентите. За постојните клиенти на Охридска банка ке се овозможат дополнителни бенефити поврзани со географскиот регион каде е присутна Групацијата Штаермеркише Банк и Шпаркасе, на пример повлекувања на готовина од банкомати на Групацијата без провизии и сл.
Како еден од најголемите странски инвеститори во земјава, Групацијата Штаермеркише Банк унд Шпаркасе, преку постоечките ентитети ке продолжи да ги интензивира своите активности за поддршка за привлекување на уште квалитетни стратешки странски инвеститори во земјата, активно промовирање и поддршка на Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.
Со цел подршка за амбициозните развојни планови, како и исполнување на локалните регулаторни барања, групацијата ке ја обезбеди потребната капитална подршка согласно локалната регулатива.
Целиот развоен план и деловната политика со финансискиот план на Охридска банка можете да ги погледнете на следниов линк.