Охридска банка АД Скопје ги известува своите ценети клиенти дека согласно Уредбата од НБРСМ за примена на Законот за Облигациони односи, вонредната состојба заврши на 30 јуни 2020.

„Согласно завршувањето на вонредната состојба, направена е промена на каматните стапки и истите се променети од вонредни во редовни. Почнувајќи од ратата за месец јули (која доспеа на 1 август 2020), ги враќаме во сила редовните каматни услови, по кои понатаму ќе се врши отплата на ратите од кредитите, согласно потпишаните Договори за кредит.”, се вели во известувањето на Охридска банка.

За подетални информации, клиентите можат да се обратат во некоја од експозитурите или во Контакт Центарот на Охридска банка на телефон 02/15-050.