Клубот на таленти на ОБСГ е нова платформа на Охридска банка Сосиете Женерал што произлегува од годишната стратегија на Банката за општествена одговорност.
Преку различни конкурси во повеќе области ќе се обидеме да најдеме млади, амбициозни и талентирани поединци и групи и нив финансиски да ги поддржуваме.

Конкурсот „Имаш ли жичка за музика”, наменет за млади инструменталисти кој ќе биде отворен до 30.09.2018.

Можат да аплицираат сите заинтересирани млади инструменталисти на возраст од 14 до18г., односно родени во периодот 2000 ‒ 2004 година.
Инструменти што се земаат во предвид на Конкурсот се: клавир, хармоника, виолина, виолончело, виола, гитара, контрабас, хорна, харфа, обоа, кларинет, флејта, труба, фагот, саксофон,тромбон.

Аплицирајте на: www.obsgklubnatalenti.mk  во делот Аплицирање, каде треба да се пополнат неколку прашања и да се испрати линк од настап на апликантот.

Повеќе информации на www.obsgklubnatalenti.mk.