Охридска банка во соработка со осигурителната компанија Граве Ви овозможува осигурување на пречекорување на сметката.
Во случај на осигурен настан, осигурителната компанија ќе ги подмири обврските од пречекорувањето на Вашата сметка кон Банката.
Покриени ризици
-
смрт како резултат на несреќа и на болест
-
трајна и целосна загуба на способноста како резултат на несреќа
Начин на плаќање
Премијата изнесува 0,37 ЕУР месечно, фиксен износ пресметан во денарска противвредност според средниот курс на денот на месечните пресметки.
Премијата се пресметува и се наплатува на месечна основа од трансакциската сметка на клиентот.
Клучни предности
- поголема сигурност – осигурувањето на пречекорувањето овозможува посигурна иднина, бидејќи знаете дека сте заштитени ако се случи нешто непредвидено
- заштита на семејството од оптоварување со долгови на најблиските
- брзо и лесно аплицирање – одобрување во рок од еден ден
- едноставен начин на плаќање – месечна наплата директно од трансакциската сметка на клиентот
- иновативна услуга како дел од банкарските продукти за првпат на пазарот
Како да аплицирате
Во која било експозитура на Охридска банка, членка на Групацијата „Сосиете женерал“.