Коментар
за остварените финансиски резултати на Охридска банка АД Скопје во периодот
јануари – септември 2018 година
Кумулативниот реализиран финансиски резултат за периодот од 1.1.2018 до
30.09.2018 г. изнесува 531,6 милиони и е значително повисок односно за 2,5 пати во
однос на остварениот резултат за истиот период минатата година, што во основа е
резултат на пораст на приходите од редовно работење, пониски оперативни трошоци и
пониска цена на чинење на ризикот.
Нето-приходите од камати на крајот од септември 2018 година изнесуваат 872,8 милиони
денари и во однос на истиот период минатата година се пониски за 15,9 милиони денари,
или за 1,8 %.
Приходите од камати бележат намалување за 2,2 милиони денари во најголем дел
поради пазарниот притисокот на активните камати кај секторот Компании, како и
пониските каматни приходи од пласманите во хартии од вредност, поврзано со пониските
каматни стапки, и соодветно на тоа понизок обем.
Каматните трошоци бележат зголемување за 13,6 милиони денари односно 5,4 %
споредено со истиот период минатата година, резултат на зголемените каматни трошоци
по основ на субординирани обврски и депозити на клиенти поради зголемениот обем.
Нето-приходот од провизии и надоместоци, во износ од 233,4 милиони денари, се
зголемени за 30,5 милиони денари, или за 15,0 %, во однос на истиот период минатата
година.
Приходите од провизии и надоместоци бележат посилен раст од 41,8 милиони денари со
позитивен придонес на провизиите од платните системи, провизиите од услуги кај
кредитните производи, провизии од трговци за пос терминали додека трошоците за
провизии и надоместоци бележат раст од 11,3 милиони денари што соодветно имаше
влијание на вкупниот нето-износ, споредено со минатата година.
Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 97,7 милиони денари и бележат пораст за
4,6 милиони денари споредено со истиот период минатата година.
Во анализираниот период е остварено ослободување на исправката на вредноста на
нефинансиските средства во износ од 8,4 милиони денари што се однесува на
депризнавање (искнижување) на ревалозирациската резерва при продажба на
преземени средства.
Другите приходи изнесуваат 111,3 милиони денари и се зголемени за 52,9 милиони
денари во споредба со истиот период минатата година како резултат на остварените
приходи по основ на претходно отпишани побарувања.
Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа на крајот од третиот
квартал од 2018 година изнесува 232,8 милиони денари и, споредено со истиот период
во 2017 година, бележи намалување за 51,0 %.
Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари ‒ септември изнесуваат 559,3
милиони денари, а споредено со претходната година, бележат намалување од 18,8
милиони денари, или 3,3 %. Повисоки оперативни трошоци се забележани кај трошоците
за вработените, амортизацијата, трошоците за одржување, трошоците за обезбедување
додека кај сите останати ставки се бележи намалување.