Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

                                                                Администратор на мрежи

Главни задачи и одговорности:

  • Планирање и реализација на развојот на CORE мрежата на Банката, вклучувајќи имплементација и одржување на огнени ѕидови, Л3 свичери, рутери, пристапни сервери, пристапните точки, WAN – мрежата;
  • Планирање и одржување на мрежното поврзување на корисниците во Банката;
  • Планирање на доделувањето на TCP/IP адресите во системот;
  • Надзор на DNS-контролорот преку кого Банката воспоставувацентрализирана политика на лозинки и контролни траги на ниво на цел информативен систем;
  • Надзор над работата на системот, грижа за воспоставените врски со МИПС, КИБС, TENFORE, SWIFT, ROUTERS;
  • Надзор над работата на системот и грижа за воспоставените врски со експозитурите на Банката;
  • Надзор над работата и одговорност за делот на мрежно поврзување од системот за опоравување од катастрофа и делот на мрежно поврзување од системот за континуитет на работењето;
  • Надзор, инсталации и одржување на мрежните уреди;
  • Работа и одржување на Cisco VOIP технологии;
  • Надзор, инсталации и одржување на Meraki уреди за бежично поврзување.

Потребни квалификации:

  • Завршен Електротехнички факултет, отсек Телекомуникации/Информатика или друг факултет од областа на информатички и телекомуникациски науки;
  • Задолжително поседување на CCNA-сертификат;
  • Пожелно е кандидатот да поседува други сертификати од областа;
  • Пожелно искуство во поставување, конфигурирање и одржување на сигурносни мрежни уреди (Firewall’s);
  • Познавање на Microsoft Server околина;
  • Тимски играч;
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување на резултати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 31.03.2018 год. на: [email protected] со задолжителна назнака „Апликација за Администратор за мрежи“.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:

  • Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју