Во насока на професионален развој на младите кадри, Охридска банка Сосиете Женерал е отворена за реализација на студентска пракса во текот на целата година за сите заинтересирани кандидати кои се редовни студенти на додипломски или постдипломски студии.
Доколку сте заинтересирани да стекнете професионално работно искуство ќе ја очекуваме Вашата апликација на [email protected] со назнака Апликација за пракса, стои во соопштението на банката.
Праксата се однесува за сите градови низ Македонија.