Склучен договор за заем со Eвропска банка за обнова и развој

Согласно член 35 од Правилата за котација на Македонската Берза за хартии
од вредност Охридска Банка АД Скопје информира за склучен договор за
кредит со Европска банка за обнова и развој од Програмата за поддршка на
зелена енергија во износ од 4 милиони евра на период од 5 години, со грејс
период од 2 години и полугодишни отплати. Средствата се наменети за
подобрување на енергетската ефикасност на резиденцијалните згради, ќе
помогнат во намалување на гасовите кои создаваат ефект на стаклена
градина и ќе го подобрат квалитетот на живеење на сопствениците на
домаќинства