Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.

 

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.

Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

 

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

                      Специјалист за обуки и развој

 

 

 

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Обуки и развој

–      Креирање и спроведување на програми за обуки во согласност со политиките на групацијата и потребите на деловното работење

–      Го предлага и го следи буџетот за тренинг

–      Предлага и креира програми за развој со цел создавање и одржување култура на учење

–      Ги координира и организира задолжителните обуки за сите вработените

–      Постапува во согласност со актите на Банката поврзани со внатрешната мобилност

  • Идентификување на таленти и план за наследување (People review)

–      Координација на процесот на идентификување на таленти и план за наследување

–      Предлага и спроведува акции за развој на таленти и клучни ресурси

  • Оценка на перформансот

–      Го координира процесот на оценка на перформансот на вработените

–      Им дава поддршка на менаџерите во процесот на оценка на изведбата и е-валуација

  • Брендирање на Дирекцијата за човечки ресурси

–      Мисии на Дирекцијата за човечки ресурси

–      Спроведува мисии за човечките ресурси на Банката, подготвува извештаи и предлага соодветни мерки за подобрување

  • Активности за развој на човечките ресурси

–      Подготовка на предлози и учество во проекти за развој на човечките ресурси

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Работно искуство во областа мин. 1 година
  • Високо образование – Општествени науки (Менаџмент на Човечки ресурси; Психологија и сл.)
  • Напредно познавање на Англиски Јазик
  • Напредно познавање на MS Office пакетот
  • Тимски играч;
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати.

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 21.08.2018 год. на: [email protected] со задолжителна назнака „Апликација за Специјалист за обуки и развој“.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:

  • Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.