6,3 милиони луѓе присуствуваа на фестивалот за неговото траење од две недели
Минхенскиот „Октоберфест“, најголемиот фестивал на пиво во светот, заврши вчера со испиени над 7 милиони литри пиво, јави ДПА.
Во двете недели на Октоберфест, скоро 6,3 милиони луѓе присуствуваа на фестивалот, велат организаторите. Иако е приближно ист број како лани, сега се чини дека луѓето не беа толку жедни – оваа година беа продадени 7,3 милиони чаши пиво, што е за 200 000 помалку од ланското издание. Гостите исто така беа „замезени“ со 129 волови и 29 телиња.
„Имавме мирен Октоберфест со обични и весели посетители“, рече директорот на фестивалот, Клеменс Баумертнер.
Полицијата пријави минимално зголемување на криминалот за 1 процент на 914. Исто така, имаше помалку вонредни состојби поврзани со алкохол – имаше 600 случаи на труење со алкохол или 120 помалку од минатата година.
Сепак, рекорден број случаи се возеле во пијана состојба – запрени се 774 возачи, од кои 414 со електрични тротинети.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк