Во последниве години, неколку извештаи предупредуваа на злоупотреба на земјоделските субвенции на Европската унија во земјите од Централна и Источна Европа, пренесува Политика.рс. Лани, Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) го откри најновото во серијата во која учествуваа група измамници од Италија и Романија, кои се појавија пред романскиот суд под сомнение дека извршиле измама вредна речиси 850.000 евра.
Патем, тоа е четвртина од субвенциите што ЕУ и ги додели на Романија за производство на таа градинарска култура во 2017 година. Ништо од тие пари не се потрошени за таа намена или во Романија. По исплатата на субвенциите, парите биле префрлени на банкарски сметки во Италија, каде понатаму биле искористени за финансирање други криминални активности. ОЛАФ откри голем број на потенцијални измамнички практики кои вклучуваа поднесување лажни документи, основање на фиктивни компании и фалсификувани декларации за земјиште за незаконско добивање средства.
Исто така, минатата година полицијата во Србија уапси 11 лица на територијата на Шабац, Белград, Нови Сад и Бачка Паланка поради сомнение за измама. Тие се обвинети дека неосновано го оствариле правото на субвенции наменети за младите земјоделци во износ од десет милиони динари и за таа сума го оштетиле српскиот буџет.
Министерката за земјоделство Јелена Танасковиќ пред неколку месеци, напомена дека има сомнежи дека многу од неодамна регистрираните фарми не биле вистински земјоделци и дека прашање е како до сега ги добивале парите.
Срспкиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека повеќе од 20.000 земјоделци биле вклучени во измамите околу лажните барања за субвенции и на овој начин се обиделе да го оштетат државниот буџет за околу 80 милиони евра. Тоа е откриено преку новиот систем е-аграр преку сателитски снимки и се работи за околу половина милион хектари кои воопшто не се обработуваат. Како што појасни, за тоа земјиште било побарано стимулација и пријавени се лажни насади.
-Извесен земјоделец бараше стимулација од 200 евра по хектар за наводно засадување маслодајна репка на 1.000 хектари, а како што се гледа на видеото, има шума како Амазон – соопшти Вучиќ.