Директните странски инвестиции во 2020 година ќе се намалат на глобално ниво за дури 40 отсто поради пандемијата од корона вирусот, а најголем удар ќе претрпат земјите во развој, проценуваат Обединетите нации. Директните странски вложувања ќе паднат од минатогодишните 1.540 милијарди долари на ниво под 1.000 милијарди, за прв пат од 2005 година. Во 2021 година инвестициите ќе се намалат за дополнителни 10 проценти, а опоравување се очекува дури во 2022 година.